Велики Четврток — ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е шестти ден од Страсната Седмица, односно пет дена по Лазаровата Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештѕеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.