Утревечер во градот под Царевите кули, во градот на музиката и расадникот на најдобрите вокали, ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“.
На 11-то издание „Под кулите на Струмица“, кое ќе се одржи на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, покрај домаќините „Распеани Струмичани“ ќе учествуваат и „Распеани Радовишани“, „Распеани Валандовчани“, „Распеани Гевгеличани“ и Ансамблот „Мирка Ѓинова“ од Демир Капија.
Фестивалот кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни, е од ревијален карактер, а е под покровителство на Министерството за култура.