По повод 16 мај денот кога во 1956 година започна да “зборува” Радио Гевгелија, овој портал повторно потсетува за мистериозното исчезнување на имотот на РТГ. Досега во повеќе наврати сме пишувале за сомнителното и намерно уништување на медиумот и необјективното информирање на јавноста за имотот и просториите на Радио Гевгелија. Во овој краток текст нема да ја набројуваме севкупната предавателска, студиска и канцелариска опрема. Во овој краток текст ќе споменеме дека Радио Гевгелија покрај другото, поседуваше и (два) најмодерни Техникс грамофони (исправни) кои до ден денес се сон за секој DJ. Грамофоните најверојатно не се вметнати ниту во пописот од страна на попишувачите. Се работи за грамофони кои до ден денес се атрактивни , модерни и исклучително скапи. Ја информираме јавноста дека никој не знае каде е ова опрема. Овој (краток текст ) е убава можност надлежните служби да поработат по “допрен глас”.